Справувањето со големите количини на отпад е еден од најгорчливите проблеми во Мексико Сити. Градот кој е дом на околу 20 милиони луѓе е пренатрупан со отпад. Се со цел подобро справување со овој проблем градските власти се решија на серија на мерки и проекти кои треба да допринесат во справување со овој проблем. Еден од поиновативните проекти е проектот за размена на отпад со храна. Имено тие на еден од пазарите нудат замена на отпад со храна. Така секој кој ќе донеси одредена количина отпад ќе добие вредносен ваучер со кој потоа можат да си земат храна од некои од локалните фарми кои имаат договор со властите за учество во овој проект. На тој начин се помага и локалната економија преку помагање на локалните фарми да ги пласираат своите производи.
Според луѓето кои се вклучени во проектот добар дел од луѓето кои носат отпад со себе носат доста стакло, хартија и пластика која потоа се одделува и рециклира со што се покрива трошокот за ваучерите за храна кои се доделуваат. Од почеток овој проект наиде на одобрување на цела заедница која има голем бенефит од истиот. Така со неговата имплементација не само што се допринесе во намалување на отпадот во градот туку се допринесе и во подобрување на локалната економија. Локалните фармери се исто така едни од оние кои се најзадоволни од овој проект со оглед дека мошне полесно ги пласираат своите производи. Се очекува во блиска иднина проектот да биди проширен и имплементиран и во други градови низ Мексико.
Официјални податоци за тоа колку отпад и од кој вид на отпад е собрано нема но проценката е дека проектот е самоодржлив и дека копирањето на истиот во другите делови на Мексико би било доста лесно и со истите бенефити. Креаторите на проектот се надеваат дека проектот ќе послужи како инспирација за слични проекти кои би се одвивале и надвор од Мексико.